• вторник, 01 октомври 2024

Верстапен победи на домашната трка за Големата награда на Холандија

Верстапен победи на домашната трка за Големата награда на Холандија
Зандворт, 4 септември 2022 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на денешната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Холандија. За Верстапен ова е јубилејна десеттата победа во сезоната 2022 година и вторпат по ред во Зандворт. Второто место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес, а трет беше Шарл Леклер од Ферари. Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, кој настапува за Мерцедес, заврши на четвртото место. Возачот на Ферари, Карлос Сајнц заврши на петтото место, но поради казна од 5 секунди поради невнимателно излегување од боксот, Шпанецот падна на осмото место. Следното коло во Формула 1 ќе се одржи во Италија од 9 до 11 септември. зс/

Остани поврзан