• среда, 25 декември 2024

Верстапен: Патеката во Монако е многу поопасна од Спа

Верстапен: Патеката во Монако е многу поопасна од Спа

Ставелот, 27 јули 2023 (МИА) – Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен смета дека патеката во Монако е поопасна од Спа-Франкоршамп во Белгија.

 

Во Белгија, двајца млади пилоти загинаа во последните сезони - Антоан Хуберт и Дилано ван Хоф.

- Мислам дека тоа нема врска со патеката. Да, има опасни кривини, а на дожд ризиците се зголемуваат. Секој е доволно компетентен да донесе правилни одлуки. Ако е премногу влажно, тогаш е премногу влажно и мора да се биде претпазлив. Секогаш има работи што може да се подобрат. Ние се тркаме во Монако и таму е многу поопасно отколку овде, но се тркаме затоа што се смета за доволно безбедно. За жал, несреќи се случуваат. Ако ги разгледате инцидентите, можете да видите дека тие немале многу среќа. Има малку што може да се направи за значително да се подобри безбедноста. Има и други патеки каде што може да влезете во сообраќајна несреќа и да излетате од траекторијата, а ако видливоста е слаба, ова ќе се повтори. На некој начин, немаше среќа што во Спа тоа се случи двапати во краток временски период, изјави возачот на Ред Бул пред Белгиското ГП.

 

Претходно, двократниот шампион во Формула 1 тврдеше дека патеката во Саудиска Арабија е поопасна од белгиската.

 

Трката за Големата награда на Белгија ќе се одржи в недела со почеток во 15 часот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан