• среда, 27 ноември 2024

Верстапен: Не мислам дека ќе можеме да го победиме Мерцедес, шампионатот заврши

Верстапен: Не мислам дека ќе можеме да го победиме Мерцедес, шампионатот заврши
Лондон, 16 септември 2020 (МИА) - Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен изјави дека не верува во победа над Мерцедес во сезоната 2020 година. - Во „Муџело“ го имавме истиот проблем како една недела порано во Монца. Стартот беше добар, но кога отидов со полн гас, повторно се појавија проблеми. Го почувствував тоа дури и кога возев до почетната мрежа. Не е нормално дека ова се случува втор пат по ред, веќе сум уморен од тоа. Се надеваме дека следната година ќе се доближиме до Мерцедес, изјави Верстапен. Тој смета дека практично оваа сезона шампионатот е веќе завршен и јасно е кој ќе биде победник. - Не мислам дека имаме било какви шанси. Поради коронавирусот, не можеме да направиме многу промени во автомобилот. Се надеваме дека регулативата, која стапува на сила во 2022 година, ќе биде нов почеток. Ние сепак сакаме да победиме во секоја фаза, но овој шампионат е веќе завршен. На половина од Ф1 сезоната убедлив лидер во Генералниот пласман е Луис Хамилтон од Мерцедес. зс/

Остани поврзан