• четврток, 26 декември 2024

Верстапен не е подготвен да се натпреварува на Ле Ман

Верстапен не е подготвен да се натпреварува на Ле Ман

Лондон, 30 мај 2024 (МИА) – Актуелниот светски шампион во Формула 1, Мак Верстапен сè уште не сака да се трка на 24 часа Ле Ман.

Како причина, трикратниот шампион во Формула 1 го наведе контроверзниот систем за изедначување на хиперавтомобилот - рамнотежа на перформансите што покрена прашања меѓу учесниците и гледачите.

- Во трките на издржливост не се работи само за вас, туку треба да работите заедно со соиграчите и да го пронајдете вистинскиот компромис за поставките. Затоа внимателен сум и комуницирам околу ова прашање. Во моментов мислам дека е рано за мене учество на трка во Ле Ман, изјави Холанѓанецот.

Додаде дека и неговата телесна маса може да е проблем.

- Ми се чини дека треба да има ограничување, бидејќи со опрема можам да тежам до 80 килограми, а тежината на друг пилот може да биде 55 или 60 килограми. Значи, треба да се справиме со ова. Мора да има просечна или минимална маса. Но, секако во иднина би сакал да се тркам, тоа е неверојатна трка, истакна Верстапен.

Верстапен е трикратен светски шампион во Формула 1 и лидер во тековната сезона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан