• среда, 25 декември 2024

Верстапен: Не е важно дали се согласувам со казните или не, главниот наш проблем е слабата брзина

Верстапен: Не е важно дали се согласувам со казните или не, главниот наш проблем е слабата брзина

Мексико Сити, 28 октомври 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен даде свое видување за двојна казна што ја доби синоќа на трката за Големата награда на Мексико.

Холанѓанецот доби две казни од по 10 секунди затоа што го турна возачот на Мекларен Ландо Норис од патеката при претекнување, како и за излетувањето од патеката за да добие предност.

Верстапен трката ја заврши на шестото место.

- Проблемот е што кога сте побавни, завршувате во вакви ситуации. Нема да се откажам така лесно. На крајот на денот, не се работи за тоа дали се согласувам со казните или не - иако 20 секунди се многу - главното прашање и она што најмногу ме загрижува е нашето темпо на трката. Брзината беше слаба. Треба да ја анализираме причината. И без казните немаше да имаме шанса во борбата за највисоките места. Не сум загрижен за борбата за титулата. Имавме лоша трка, но знам дека можеме подобро, па ќе се обидеме да го направиме тоа, изјави Верстапен за „Sky Sports“.

Верстапен продолжува да води во поредокот за возачи во Формула 1 со 362 бода на четири трки до крајот на сезоната 2024 година. Најблискиот конкурент за трофејот му е Ландо Норис од Мекларен, кој го освои второто место на трката во Мексико, ја намали разликата од возачот на 47 поени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан