• вторник, 12 ноември 2024

Верстапен: Нè чека тешка борба на Големата награда на Бразил

Верстапен: Нè чека тешка борба на Големата награда на Бразил
Лондон, 9 ноември 2021 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека по победата на Големата награда на Мексико, тимот треба да остане фокусиран и да се подготви за етапата во Бразил, бидејќи патеката во Сао Паоло не би требало да одговара на Ред Бул толку добро во споредба со болидите на Мерцедес. - Да, сега ситуацијата во шампионатот изгледа многу добра. Но, во исто време, разбираме дека сè може да се промени многу брзо. Во принцип, не верувам во импулс - дека можете да влезете во одлична форма и да направите успешна серија. Затоа, треба внимателно да се подготвите за секоја трка, да обрнете внимание на деталите. Она што ние, на пример, не го направивме во квалификациите. Работите може многу брзо да тргнат наопаку, или обратно. Така што мислам дека ќе имаме тешка и интересна борба до самиот крај на првенството. Патеката во Мексико отсекогаш била одлична за нас. Мислам дека во Бразил сè нема да биде исто како што беше овде, истакна Верстапен. На четири трки до крајот на шампионатот во Формула 1, Верстапен води во поредокот со 312,5 пред актуелниот шампион Луис Хамилтон кој досега собра 293,5. зс/

Остани поврзан