• недела, 28 јули 2024

Верстапен: И самиот сум малку изненаден од мојата доминација

Верстапен: И самиот сум малку изненаден од мојата доминација
Шпилберг, 4 јули 2021 (МИА) – Возачот на екипата на Ред Бул, Макс Верстапен изјави ло денешната победа во трката за Големата награда на Австрија оти не очекувал толку лесно да дојде до триумфот. - Да бидам искрен, ова е неверојатно, Болидот беше одличен. Секој нов комплет на гуми што ги стававме беа пријатни за возење. Помалку сум зачуден како минавме денеска, и самиот не очекував дека работите ќе се одвиваат во таква насока. Сите во екипата завршија одлична работа, изјави Верстапен. Холанѓанецот попладнево ја оствари третата последователна победа во Формула 1 и вкупно петта сезонава со што ја зголеми предноста во генералниот пласман на 32 пред бранителот на титулата Луис Хамилтон, кој трката ја заврши на четвртото место. ег/паг/

Остани поврзан