• сабота, 23 ноември 2024

Верстапен: Второто место е добро достигнување

Верстапен: Второто место е добро достигнување

Лондон, 23 септември 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го коментираше резултатот од Големата награда на Сингапур возаена во Формула 1 шампионатот. Холандскиот возач заврши втор.

-Знаевме дека ќе се соочиме со тешкотии овој викенд. Второто место е добро достигнување. Секако дека сме незадоволни од него. Сега треба да го подобриме нашето темпо. Тоа е она што ќе се обидеме да го направиме“, рече Верстапен по трката.

Заостанувањето на Верстапен од победникот на Големата награда на Сингаруп, возачот на Мекларен, Ландо Норис, изнесуваше +20,945 секунди. Првата тројка ја затвори уште еден пилот на Мекларен Оскар Пјастри (+41,823).

Верстапен собра 331 поен и продолжува да води во генералниот пласман кај возачите. Норис има 279 бодови и е на второто место. Леклер е трет со 245 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан