• четврток, 26 декември 2024

Версајската палата повторно евакуирана поради закана за бомба

Версајската палата повторно евакуирана поради закана за бомба

Париз, 22 октомври 2023 (МИА) - Версајската палата денеска повторно е евакуирана поради анонимна закана за бомба, соопшти управата на туристичката атракција во близина на Париз, цитирана од ДПА.

Како што објави ДПА, полицијата ги претресува просториите на палатата на француските кралеви.

Ова е седмо затворање на „Версај“ во рок од осум дена поради закани за бомб. И покрај тоа што еден осомничен е веќе уапсен, пријавите продолжуваат, а за сите досега е потврдено дека се лажни.

Во текот на изминатите неколку дена, стотици училишта во Франција, како и регионалните аеродроми, беа принудени да затворат поради лажни пријави за поставени експлозивни направи.

Властите соопштија дека многу од заканите биле упатени од млади луѓе. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан