„Веро Џамбо“ и неколку околни улици утре без вода
- Центарот за управување со кризи по известување на ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопшти дека поради изведување водоводен приклучок на Булевар Кочо Рацин бр. 3, Веро Џамбо и неколку улиц
![„Веро Џамбо“ и неколку околни улици утре без вода](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113135657_big_730x400_78.webp )
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Центарот за управување со кризи по известување на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, соопшти дека поради изведување водоводен приклучок на булевар „Кочо Рацин“ бр 3, објактот „Веро Џамбо“ и неколку околни улици во текот на утрешниот ден ќе имаат прекин на водоснабдување.
- Од ЈП „Водовод и Канализација“ добивме известување дека на ден 20.05.2022 година (петок) поради изведување водоводен приклучок Ф 150 милиметри на булевар „Кочо Рацин“ број 3 прекинато водоснабдување ќе има дел од булеварот „Кочо Рацин“, улиците „Светозар Марковиќ“ и „Крушевска Република“ и „Веро Џамбо“, се вели во соопштението.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08.30 часот о ќе трае до завршување на работите. сх/сп/