• сабота, 31 август 2024

Верона го смени тренерот

Верона го смени тренерот
  Верона, 11 октомври 2022 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Верона му врачи денеска отказ на тренерот Габриеле Чофи по серијата од четири порази во Серија А. Чофи ја презеде Верона на почетокот на сезонава кога го наследи Хрватот Игор Тудор, но тимот   под негово водство немаше добар почеток на сезоната. Во досегашните девет кола Верона освои само пет бодови и се наоѓа на 18. место на табелата. Како главен кандидат за наследник на Чофи се споменува уругвајскиот стратег Диого Лопез. ег/

Остани поврзан