• четврток, 26 декември 2024

Верниците од Кичево се подготвуваат за Водици

Верниците од Кичево се подготвуваат за Водици

Кичево 16 јануари 2022( МИА) - Верниците од Кичево по едногодишна пауза повторно се подготвуваат за големиот верски празник Водици. На 18 јануари, во 6 часот, изутрина ќе биде отслужена утрена богослужба на која ќе присуствуваат околу 150 водичарски кумови, кои во полноќните саати ќе пристигнат во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево за да земат од осветената вода која свештениците ја осветуваат по повод празникот Водици.

Потоа на 19 јануари ќе биде извршено положување на светиот крст во водите на градскиот базен.

-По Богојавленскиот водосвет и утрената литургија во црковниот храм, литија предводена од свештениците и кумовите избрани претходната година за овој празник, ќе се упати кон базенот во поранешниот Дом на ЈНА, каде ќе биде положен крстот по кого ќе скокаат сите оние што се пријавиле за оваа манифестација. За да покажат дека се вистински верници и дека треба да учествуваат во фаќањето на крстот, сите кои имаат намера да скокаат на базенот би било препорачливо да присуствуваат на Светата божествена литургија која ќе се одржи во храмот„ Свети Петар и Павле, истакнаа од свештенството од Кичево.

Градскиот базен деновиве се полни со вода и се подготвува за претстојниот голем празник и спуштањето на светиот крст.

Покрај во Кичево крст се очекува да се положува и во селата Другово, Белица и Цер.

Традиционално доброволците кои ќе го извадат крстот од базенот или реките каде се положува истиот, ќе добијат подарок од Општина Кичево и од кумовите избрани за  Водици. за/дма/

Остани поврзан