• сабота, 23 ноември 2024

Верниците во Словенија на влез од црквата ќе мора да остават телефонски број

Верниците во Словенија на влез од црквата ќе мора да остават телефонски број
Љубљанa, 21 јули 2020 (МИА) – Верниците во Словенија од денеска пред да влезат на миса во црква ќе мора да да го остават својот телефонски број, без име, презиме и адреса. Тоа е црквена препорака усогласена со здравствените власти, донесена со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Верниците ќе треба да остават телефонски бројо само за свечените миси во недела и за празници, додека на мисите во текот на неделата се собираат помал број верници, кои вообичаено ги познава свештеникот. Во Словенија од почетокот на епидемијата со новиот коронавирус се инфицирале  1.977 луѓе, од кои 114 починале, а оздравеле 1.625 лица. ми/

Остани поврзан