• среда, 25 декември 2024

Вернер останува во Тотенхем уште една година

Вернер останува во Тотенхем уште една година

Лондон, 28 мај 2024 (МИА) - Германскиот фудбалер, Тимо Вернер ја продолжи соработката со Тотенхем.

Според Фабрицио Романо, двете страни се во преговори веќе извесно време и треба да се очекува наскоро напаѓачот и официјално да продолжи да ги брани боите на лондонскиот клуб.

Вернер настапуваше за „петлите“ како позајмен играч од Лајпциг во сезоната која веќе заврши, а јасно е дека Тотенхем е задоволен од неговите настапи.

Германецот треба да остане во Лондон најмалку уште една година, под условите под кои играше досега.

Пред Тотенхем, Вернер помина две години во Челси, а играше и за Штутгарт и Лајпциг.  дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан