• среда, 13 ноември 2024

Вернер: Ги игнорирав критиките, ако постојано размислувам за нив, нема да можам да играм

Вернер: Ги игнорирав критиките, ако постојано размислувам за нив, нема да можам да играм
Лондон, 14 октомври 2021 (МИА) - Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер зборуваше за неговиот однос кон критиките. Фудбалерот пред три дена постигна два гола за Германија во триумфот над македонската репрезентација со 4:0. - Морав да ги игнорирам критиките. Ако постојано размислувам за тоа, тогаш нема да можам да играм. Во одреден момент, сфатив дека головите ќе дојдат. Знам за што сум способен. Ако тренерот ви верува, тоа е добро. Особено ми е потребна доверба однадвор, се надевам дека можам да се оддолжам за ова, изјави Вердер за британски „Сан“. Во тековната сезона, Вернер настапи на осум натпревари за Челзи, постигнувајќи два гола и една асистенција. зс/

Остани поврзан