• среда, 25 декември 2024

Верификувани мандатите на тројца пратеници кои ќе ги заменат идните министри, седницата ја напуштија и Алијанса и Алтернатива

Верификувани мандатите на тројца пратеници кои ќе ги заменат идните министри, седницата ја напуштија и Алијанса и Алтернатива
Скопје, 25 август 2020 (МИА) - Со верификацијата на мандатот на Белкиса Зеќири која доаѓа на местото на Радмила Шекеринска, досега се верификувани мандатите на тројца нови пратеници кои се избрани наместо Зоран Заев, Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска. Собранието ја констатираше и оставката на Оливер Спасовски од пратеничката функција по што повторно се очекува извештај од Државната изборна комисија и верификација на мандатот на новиот пратеник. Останува истата постапка да биде спроведена и за Никола Димитров, Мила Царовска и Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ. Пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја напуштија седницата со образложение дека веќе 12 часа се во Собранието и барање да се продолжи со работа утре во 9 часот, на што претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законодавниот дом ќе работи се додека има соодветно мнозинство. Претходно, седницата ја напуштија и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Во текот на денешниот ден беше констатирана и оставката на Фљорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии. На негово место, верификуван е мандатот на новиот пратеник од ДУИ Бедри Фазлиу.  бак/скс/

Остани поврзан