• среда, 27 ноември 2024

Верешчук: Мариупол ќе може да се напушти само со приватни автомобили

Верешчук: Мариупол ќе може да се напушти само со приватни автомобили
Kиев, 12 април 2022 (МИА) – Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили. Според неа пет од деветте коридори за евакуација се од областа Луганск, за што украинските власти тврдат дека е под силно гранатирање. - Вкупно 4.354 лица вчера беа евакуирани од украинските градови преку хуманитарните коридори, објави Верешчук на Телеграм. Меѓу нив има 556 лица кои вчера беа евакуирани од пристанишниот град Мариупол. ми/

Остани поврзан