• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вердер се избори за бараж за опстанок, Фортуна Дизелдорф ја напушта Бундеслигата

Вердер се избори за бараж за опстанок, Фортуна Дизелдорф ја напушта Бундеслигата
Бремен, 27 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот германски шампион Вердер Бремен го избегна претпоследното место на табелата во Бундеслигата и ќе игра бараж за опстанок, откако попладнево во последното коло забележа победа, а директниот конкурентот за 16. место, Фортуна Дизелдорф загуби и заедно со Падерборн испаѓаат од елитата. Ова е епилогот на дното, додека на врвот речиси се беше познато претходно. Резултати на средбите од 34. коло во Германското фудбалско првенство: Аугзбург – Лајпциг 1:2 Баер Леверкузен – Мајнц 1:0 Борусија Менхенгладбах – Херта 2:1 Борусија Дортмунд – Хофенхајм 0:4 Ајнтрахт Франкфурт – Падерборн 3:2 Фрајбург – Шалке 4:0 Унион Берлин – Фортуна Дизелдорф 3:0 Вердер Бремен – Келн 6:1 Волфзбург – Баерн Минхен 0:4. Баерн е шампион, а со него во Лигата на шампионите одат двете Борусии и Лајпциг. Во Лига Европа ќе играат Баер, Хофенхајм и Волфсбург. зс/

Остани поврзан