• среда, 25 декември 2024

Вербален инцидент по отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

Вербален инцидент по отворањето на македонскиот клуб во Благоевград
Благоевград, 30 октомври 2022 (МИА) - Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни. Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев. Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“. Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес. рт/бак/

   

Остани поврзан