• четврток, 26 декември 2024

Веран: Ситуацијата е подобра, но рано е за намалување на мерките

Веран: Ситуацијата е подобра, но рано е за намалување на мерките
Париз, 26 ноември 2020 (МИА) - Францускиот министер за здравтсво Оливие Веран денеска изјави дека очекуваните 5.000 новозаболени со Ковид-19 наспроти 16.282 регистриани вчера, би можеле до средината на декември да овозомжат намалување на рестриктивните мерки односно постепено укинување на вториот карантин. Тој на пресконференција изјави дека стапката на репродукција на болеста се намалила на 0,65 отсто. - На сите нивоа ситуацијата се движи кон подобро, опаѓа бројот на заразени со релативно брзо темпо. Имаме 30 отсто помалку заразени во споредба од пред една недела, со таков ритам до крајот на втората недела од декември би можеле да имаме околу 5.000 случаи дневно. Сепак сме внимателни, епидемијата не е завршена, како ниту вториот бран и прерано е за намалување на мерките, посочи Веран. ми/

Остани поврзан