Венецуелските власти со рестрикции за движење на дипломати од француската, италијанската и холандската амбасада
- Венецуелското Министерство за надворешни работи нагласи дека на дипломатите ќе им треба „писмено овластување... да патуваат повеќе од 40 километри од Плаза Боливар“ во центарот на Каракас.
Каракас, 14 јануари 2025 (МИА) - Поради „непријателскиот“ одговор на нивните влади на инаугурацијата на претседателот Николас Мадуро за трет мандат, венецуелските власти воведфуваат рестрикции за движење на акредитирани дипломати во француската, италијанската и холандската амбасада.
Венецуелското Министерство за надворешни работи нагласи дека на дипломатите ќе им треба „писмено овластување... да патуваат повеќе од 40 километри од Плаза Боливар“ во центарот на Каракас. зш/