• среда, 25 декември 2024

Венецуелскиот Парламент ја прекина работата поради Ковид-19

Венецуелскиот Парламент ја прекина работата поради Ковид-19
Каракас, 5 април 2021 (МИА) – Националното собрание на Венецуела одлучи да ги одложи седниците закажани за следните неколку дена, поради ширење на заразата со коронавирусот. Раководството на Парламентот со писмена изјава им се обрати на граѓаните на Венецуела и ги информира дека е донесена одлука за откажување на парламентарните седници од 5 до 9 април. Нагласено е дека мерката е донесена со цел „да се обезбедат превентивни мерки“ против ширењето на коронавирусот. Оваа недела нема да се одржат ниту седници на парламентарни комисии. Во исклучителни случаи, тоа може да се случи ако има потреба да се донесат закони, се вели во документот потпишан од спикерот на Парламентот, Хорхе Родригез. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро преку телевизиско обраќање вчера соопшти дека рестриктивните мерки воведени во Венецуела за велигденските празници ќе бидат продолжени за уште седум дена. Венецуела пријави рекордна дневна бројка на заразени со коронавирус-1.779. Мадуро рече дека епидемиолошката состојба во Венецуела зависи од ширењето на бразилските мутации П1 и П2. јт/

Остани поврзан