• четврток, 26 декември 2024

Венецуела: Бунт во затвор, 40 загинати

Венецуела: Бунт во затвор, 40 загинати
Каракас, 2 мај 2020 (МИА) - Во бунт кој изби во затвор во централниот дел на Венецуела најмалку 40 лица загинаа, а 50 се повредени, меѓу кои е и припадник на Националната гарда и управникот на казнениот дом, соопштија локалните власти. - Немирите започнаа со протест на затворениците, кои бараа на членовите на нивните семејства да им биде дозволено да им донесат храна, а потоа избија оружени судири меѓу затворениците и чуварите, изјави пратеничката Марија Беатрис Мартинес, која имала увид во извештајот за бунтот во затворот во градот Гуанаре, подготвен од локалните безбедносни сили. Според неа, во експлозија на бомба е повреден и припадник на Националната гарда. Министерката за затворски служби Ирис Варела потврди дека дошло до бунт, додавајќи дека група затвореници ги нападнала чуварите на стража пред затворот. Таа истакна дека управникот на затворот се здобил со убодна рана од нож. гт/

Остани поврзан