• вторник, 24 декември 2024

Венеција се врати во Серија А

Венеција се врати во Серија А

 

Венеција, 3 јуни 2024 (МИА) – Венеција е последниот тим што избори место во елитниот италијански прволигашки фудбал, совладувајќи го синоќа пред своите навивачи Кремонезе со 1-0 во реваншот од финалето на плеј-офот за пополнување на Серија А.

На идентичен начин преку плејоф Венеција пред три години стана дел од Серија А, а следната година повторно се пресели во втората лига.

Стрелец на победничкиот гол беше Данецот Кристијан Гиткјаер во 24. минута.

Венеција оваа сезона заврши на третото место во Серија Б, а во неделата им се придружи на Парма и Комо, кои изборија промоција во Серија А како две најдобро пласирани екипи во втората лига. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан