• четврток, 26 декември 2024

Венгер предложи мундијалите и европските првенства да се одржуваат на секои две години и да се укине Лигата на нации

Венгер предложи мундијалите и европските првенства да се одржуваат на секои две години и да се укине Лигата на нации
Берлин, 12 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Арсенал и шеф на Одделот за глобален развој на фудбалот на ФИФА, Арсен Венгер, предложи да се укине Лигата на нациите и да се одржуваат почесто светски и европски шампионати. - Треба да се ослободиме од Лигата на нациите и да одржиме турнири што сите ги разбираат. Прашајте ги луѓето на улиците што е Лига на нации. Малкумина ќе можат да објаснат. Едно светско и Едно европско првенство на секои две години е веројатно посоодветно за современиот свет, смета Венгер. Францускиот специјалист беше запрашан дали честото одржување на Светското првенство ќе доведе до губење на вредноста на турнирот. - На оние што го велат ова, секогаш одговарам - перцепцијата на турнирот не е поврзана со времето на чекање, туку со квалитетот на натпреварувањето. На крај, луѓето секоја година ја гледаат Лигата на шампионите. Според мене, ова би бил голем чекор напред, го сподели своето мислење Венгер во интервју за „Билд“. Претходно, Венгер, меѓу другото, предложи промена на правилото за офсајд, укинување на правилото за гол на гости во плејофот на европските купови и изведување аут со нога. зс/

Остани поврзан