• среда, 25 декември 2024

Венгер за Премиер лигата: Што и да одлучат, за секој Ливерпул е шампион

Венгер за Премиер лигата: Што и да одлучат, за секој Ливерпул е шампион
Лондон, 8 мај 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за судбината на Премиер лигата оваа сезона. - Јирген заврши одлична работа, бидејќи Ливерпул веќе 30 години го чекаше овој трофеј. Постои огромна разлика во однос на Ливерпул со второпласираниот Манчестер сити. Тоа е огромен јаз од 25 бода. Без оглед на тоа што ќе одлучат во Англија, мислам дека Ливерпул е шампион за сите, рече Венгер. Ливерпул е убедливо прв на табелата во Англиското фудбалско првенство и при продолжување на сезоната речиси сигурно по три децении ќе го освои шампионскиот трофеј. зс/

Остани поврзан