• вторник, 24 декември 2024

Венгер: Во францускиот фудбал има премногу странски тренери

Венгер: Во францускиот фудбал има премногу странски тренери

Париз, 15 ноември 2023 (МИА) – Француската фудбалска Лига 1 брои 18 клубови, а дури десет од нив на клупата имаат странски тренери, што според легендарниот стратег Арсен Венгер не е во ред.

Искусниот Венгер, кој во моментов извршува функција во ФИФА, оцени дека тој тренд треба да се промени, истакнувајќи оти земјата на финалистот на последното Светско првенство и натаму има квалитетен тренерски кадар.

„Јас немам ништо против тоа во францускиот фудбал да работат странски тренери. Тоа е добро, бидејќи тие секогаш носат нови идеи и ја унапредуваат лигата. Меѓутоа, ми се чини дека во овој момент ги има премногу, а притоа, не верувам дека тие кои работат во Лига 1 се поквалитетни од француските тренери. Ми се чини дека повеќе во прашање тренд кој се одомаќини во функционирањето на клубовите“, рече Венгер.

Од клубовите кои сезонава настапуваат во француската лига 1 странски тренери ги предводат Луис Енрике (ПСЖ), Франческо Фариоли (Ница), Ади Хунтер (Монако), Пауло Фонсека (Лил), Вил Стил (Ремс), Лука Елснер (Ле Авр), Џенаро Гатузо (Олимпик Марсеј), Ласло Болоњи (Мец), Карлес Мартинез Новели (Тулуз) и Фабио Грозо (Лион). ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан