• недела, 28 јули 2024

Вело Родео во Градски парк во организација на „Еко Логик“

Вело Родео во Градски парк во организација на „Еко Логик“
Скопје, 19 септември 2021 (МИА) - Со Вело Родео настан денеска во Градскиот парк во Скопје, Здружението на граѓани „Еко Логик“ се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност што се одржува од 16 до 22 септември. Вело Родео, информираат од Здружението „Еко Логик“, претставува концепт на организирање на настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизмот, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца од различни возрасти, а се организира како дел од програмските активности на мрежата „Вело Училишта“. Главен фокус на настанот е насочен кон препознатливиот вело полигон, а како дополнителни активности се издвојуваат едукативните игри креирани, на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, климатски промени, одржлив развој, велосипедизам, како и креативните работилници со уметници. аа/нд/

Остани поврзан