• сабота, 23 ноември 2024

Вело-бус и маалско дружење за Европската недела на мобилност

Вело-бус и маалско дружење за Европската недела на мобилност

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) – Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје организира маалско дружење и Вело-бус во општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Аеродром по повод Европската недела на мобилност. 

Оваа година, од 16 до 20 септември Гоу Грин организира два настана во општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Аеродром. 

Едниот настан е Вело-бус преку кој со деца и родители на велосипеди, тротинети и ролери заеднички ќе се движат кон училишта и градинки.

- Вело-бусот ќе тргне во 30 минути пред првиот школски од првата постојка и ќе помине низ населбите, застанувајќи на неколку вело-постојки од кои ќе ги земе децата и нивните родители, кои заедно ќе се повозат низ населбите до своите училишта и градинки. Ова е одличен начин да го намалиме метежот од возила, загадувањето и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од Гоу Грин.

Вториот настан е маалско дружење во населбите кога меѓу 8 и 12 часот, по завршувањето на вело-бусот, ќе бидат организирани маалски игри и активности на различни јавни простори низ општините.

- Ова е настан за сите генерации, каде ќе се играат традиционални игри како школка, ластик, скокање јаже, и ќе се одржат уметнички активности и настапи на локални хорови. Целта е да се поттикне меѓугенерациска соработка и да се врати духот на заедницата во јавниот простор, дополнуваат од Гоу Грин. 

Европската недела на мобилност оваа година се фокусира на важноста на споделениот јавен простор. Во периодот од 16 до 22 септември, низ цела Европа се организираат активности кои ги поттикнуваат граѓаните да размислуваат за одржлива урбана мобилност и подобро користење на јавниот простор.ар/лв/
Фото: Гоу Грин

Остани поврзан