• среда, 25 декември 2024

Велковски на средба со здружението Мобилност

Велковски на средба со здружението Мобилност

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - Во рамките на средбите со здруженија на граѓани техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средба со Здружението „Мобилност“ Скопје. Лицата со попречености во последните седум години биле оставени на маргините во системот.  За жал повеќе од седум години никој не ги слушнал нивните барањa, информираат од Министерството за труд и социјална политика.  

Од Мобилност на средбата истакнале дека не се откажуваат од барањето за подобар систем на заштита. Во државата, како што посочиле, услугата персонални асистенти воопшто не е развиена сразмерно во сите општини. 

-Во иднина заедно ќе работиме да се подобри законскиот систем и овие лица да имаат пристап до зголемени права и можности. Системски решенија се најдобрата мерка која може да ја оставиме зад нас – потенцирал Велковски.

Од МТСП велат дека во државата нема Регистар за лица со попреченост кој би довел до креирање на паметна социјална политика и оти стручните служби во наредниот период мора да работат на изработка на ваква база на податоци. сст/са/

Фото: МТСП

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан