• четврток, 26 декември 2024

Велковски најави системско решавање на проблемот со бездомните лица во „Ранка Милановиќ“

Велковски најави системско решавање на проблемот со бездомните лица во „Ранка Милановиќ“

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска ги посети бездомниците кои живеат во поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.

Најави системско решавање на проблемот со кои се соочуваат 70-тина лица кои, како што рече, веќе седум години живеат во мизерни услови.

-Центарот за социјални работи првично со неколку решенија низ годините наназад ги има сместено корисниците. Пак ќе кажам и тоа треба да се разгледа дали е законски, бидејќи овој дом бил за сосема друга социјална категорија на граѓани, не и за сместување на бездомни лица. Меѓутоа, ги сместил со решенија во тој момент и неколкупати ги обновувале. Сега бројката мислам дека  не е повеќе од 70-тина луѓе коишто се тука во кругот на оваа зграда. Меѓутоа, знаете дека поради доаѓање и заминувањее на дел од нив, поради условите коишто не се хумани и тие самите напуштааат или се враќаат тука во овие згради да живеат. Треба да се направат системски промени.Треба да се направи системски за да реши проблемот, а тоа значи и дека би имале подобри услови за живот и подобро домување од ова што го имаат во моментов, рече тој.

Велковски најави дека и утре ќе оди во посета на бездомните лица лица кои живеат во „Ранка Милановиќ“ за да им однесат одредена помош составена од храна и социјални пакети.фф/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан