• недела, 24 ноември 2024

Велика Британија најави забрана за пластичниот прибор за јадење

Велика Британија најави забрана за пластичниот прибор за јадење

Лондон, 9 јануари 2023 (МИА) - Употребата на пластични прибори за јадење за еднократна употреба ќе биде забранета во Велика Британија, за да се намали загадувањето на животната средина, објави „Гардијан“.

Британската министерка за животна средина, Тереза ​​Кофи најави забрана за употреба на предмети за еднократна употреба врз основа на извештаите од минатиот месец. Се вели дека овој потег ќе уследи по консултациите за ова прашање, спроведени од страна на Одделот за животна средина, храна и рурални прашања, коишто траеја од ноември 2021. до февруари 2022 година.

Кофи истакна дека за да се распадне пластична виљушка, на пр., потребни се до 200 години.

Официјалните податоци говорат оти Англија користи околу 1,1 милијарда чинии за еднократна употреба и 4,25 милијарди парчиња пластичен прибор за јадење годишно, од кои само 10 отсто се рециклираат по употребата. Пластичните производи за храна и пијалоци го сочинуваат најголемиот дел од отпадот во светските океани, според истражувањата.  си/

Остани поврзан