• среда, 04 март 2026

Велика Британија испраќа разурнувач и хеликоптери на Кипар по иранските напади

Велика Британија испраќа разурнувач и хеликоптери на Кипар по иранските напади

Лондон, 3 март 2026 (МИА) - Премиерот Кир Стармер вели дека Велика Британија испраќа хеликоптери со капацитети за борба против дронови на Кипар и го распоредува разурнувачот за воздушна одбрана ХМС Драгон во регионот.

„Велика Британија е целосно посветена на безбедноста на Кипар и британскиот воен персонал стациониран таму“, рече Стармер во објава.

„Ние ги продолжуваме нашите одбранбени операции и штотуку разговарав со претседателот на Кипар за да го известам дека испраќаме хеликоптери со капацитети за борба против дронови и дека ХМС Драгон ќе биде распореден во регионот.“ мс/

фото: Принтскрин „Х“

Остани поврзан