• четврток, 26 декември 2024

Велика Британија замрзна руски имот во вредност од над 20 милијарди долари

Велика Британија замрзна руски имот во вредност од над 20 милијарди долари
Лондон, 10 ноември 2022 (МИА) - Британската влада денеска објави дека замрзнала средства во вредност од повеќе од 18 милијарди фунти (20,5 милијарди долари) што ги поседуваат руски олигарси, други поединци и компании санкционирани поради инвазијата на Москва врз Украина. Русија ги престигна Либија и Иран и стана најсанкционирана земја од Велика Британија, објави Канцеларијата за спроведување на финансиските санкции (ОФСИ), дел од Министерството за финансии, во својот годишен извештај. Замрзнатите руски средства се за 6 милијарди фунти повеќе од сумата што се брои во сите други санкции од Велика Британија. Рускиот милијардер Роман Абрамович и бизнисменот Михаил Фридман се меѓу санкционираните оваа година, заедно со претседателот Владимир Путин, неговото семејство и воените команданти. Замрзнатите средства се комбинација од сопственички акции во компании и готовина што се чува на банкарски сметки. Владата санкционираше 95 отсто од рускиот извоз во Британија. Целиот увоз на руска нафта и гас ќе прекине до крајот на годината, јавија британските медиуми. паг/

Остани поврзан