• вторник, 24 декември 2024

Велика Британија бележи најголем број азиланти во последните две децении, најбројни Албанците

Велика Британија бележи најголем број азиланти во последните две децении, најбројни Албанците

Тирана, 25 август 2023 (МИА) - Обединетото Кралство, во периодот јануари-јуни годинава забележало најголем број апликации за азил во последните две децении, достигнувајќи историски максимум.

Податоците ги обелоденува Министерството за внатрешни работи, а ги пренесува британскиот весник „Дејли мејл“, кој пишува дека биле поднесени 78.768 барања за азил или 19 отсто повеќе со периодот пред една година.

- Списокот го предводат албанските имигранти со 11.790 апликации, при што 7.557 од нив пристигнале во Обединетото Кралство со моторни чамци, што сепак е помал број споредено со истиот период минатата година. По нив се Авганистанците, со 9.964 пријави, јавија албанските медиуми.

Новите статистички податоци објавени од британското Министерството за внатрешни работи покажуваат зголемување од 63 отсто и на бројот на лицата кои пристигнале во Велика Британија со работни визи. 

Во меѓувреме, податоците на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) покажуваат дека албанските граѓани сега повеќе претпочитаат да заминат на британско тло, додека тој број се намалува во земјите од ЕУ.

-Во мај годинава во земјите на Европската унија биле регистрирани 690 барања за азил од албански државјани, од кои 531 за првпат. Според европските власти за азил, 3635 барања чекаат да бидат разгледани, додека само 722 решенија се дадени во текот на месец мај, наведуваат медиумите. 

Од дадените решенија, според статистиката на Европската агенција за азил, 93 отсто од нив биле негативни, а само 7 отсто биле позитивни. вт/рп/

 

Остани поврзан