• вторник, 24 декември 2024

Велешко езеро „Младост“ полно со посетители

Велешко езеро „Младост“ полно со посетители

Велес, 9 јануари 2021 (МИА) - Релативно топлото време за овој период од годината придонесоа денеска на трет и последен ден од Божик  од продолжениот празничен викенд, велешани  во голем број  да излезат од своите домови  и да го посетат крајбрежјето на езерото „Младст“ и неговата околина да шетаат и рекреираат со семејствата и пријателите.

Освен од Велес имаше бројни посетители од Скопје, Прилеп, Кавадарци и други градови. Дел од нив  во шумата над велешко езеро ги посетија и Паркот на  авантури и Паркот на срцата кои се дел од лани изградениот проект „Смарт езеро „Младост“ каде има повеќе интересни  реквизити наменети за деца, како и за деца и млади со посебни потреби.

Полни денеска беа и рестораните околу велешко езеро, а некои од постителите го искористија денот за пешачење или возење велосипед.ад/

Остани поврзан