• четврток, 26 декември 2024

Велешкото здружение на лица со церебрална парализа на 50-тина свои членови им подели новогодишни пакети

Велешкото здружение на лица со церебрална парализа на 50-тина свои членови им подели новогодишни пакети

Велес, 26 декември 2020 (МИА) - Здружението на лица со церебрална парализа, почитувајќи ги препораките за заштита од Ковид-19, денеска во своите нови простории во МЗ „Славе Петков“, лоцирана  до ООУ „Св Кирил и Методиј“ во Велес, им подели подароци на своите 50-тина членови, деца и млади.

Нивни спонзори беа „СОКО ТАБ“ од Битола, кои им доделија облека, а велешаните кои живеат во Швајцарија Трајче Папазовски и Ердогн Етовски обезбедија за сите деца  и млади топлинки од велешката Крзнара. Пакетчиња им врачија и од Евангелската црква и новогодишни пакетчиња  од девојките од велешката група „Д Чикс“. Беа доделени и други поситни подароци. 

Како што информира за МИА Далиборка Златева, претседател на ова здружение, обезбедени се и поделени пакети во поединечна вредност од по 50- тина евра за секој нивни член. Потсети дека оваа велешко здружение на лица со посебни потреби постои веќе 23 години и има за цел  да го подобри животот на овие деца и млади со попреченост.

-Она што е важно е Локалниот акциски план што Општина Велес го има уште од 2007 година и е донесен на иницијатива на ова невладино здружение. Изградивме многу пристапни патеки во институциите и училиштата, а се бориме пристапноста да биде приоритет буквално секаде каде што се гради во Велес. Работевме на инклузија на децата со попреченост во редовното образование. Работиме и на тоа да се формираат нови иновативни социјални сервисни услуги со кои ќе се понуди лепеза-шаренило од услуги за да им се помогне на лицата со попреченост, како и на нивните семејства, информира Златева.

Годинава оваа здружение формира Центар за социјална инклузија на Здружение на лица со церебрална парализа од Општина Велес, простории на користење во МЗ „Славе Петков“, кои беа  реновирани и опремени со донација од бизнис секторот и нивни познаници и хумани граѓани. 

-Како невладина организација ние веќе 23 години се трудиме да го смениме погледот  на нашите сограѓани и јавноста  за лицата со попреченост. Сакаме позитивно да влијаеме на нив да ги прифатат овие свои сограѓани и тие да бидат граѓани од прв, а не од втор ред  и добро е тоа што имаме наши хумани пријатели кои му помагаат на здружението, потенцира Златева. ад/мд/

Остани поврзан