• среда, 25 декември 2024

Велешкото Еколошко друштво „Вила Зора“ организираше велосипедски крос

Велешкото Еколошко друштво „Вила Зора“ организираше велосипедски крос

Велес 8 мај 2021 (МИА) - Еколошко друштво „Вила Зора“ во соработка со основните училишта и извидничкиот одред „Димитар Влахов“ денеска во Градскиот парк во Велес организираа велосипедски крос на кој учествуваа повеќе од 30 деца.

Како што информира за МИА,  Сашка Коцевска од ЕД „Вила Зора“, ограничениот број на учесници по пет од сите училишта  бил во рамките на почитување на Ковид  протоколите.

-Имаше голем интерес кај учениците од градот за учество на кросот, но поради Ковид протоколите за жал бројот на учесници беше ограничен на нешто над 30. Децата-учесници на велосипедскиот крос беа обележани со маици, капи и маски со логото на друштвото. Им благодариме на сите кои учествуваа и искрено се надеваме дека условите наскоро ќе дозволат следен уште по масовен велосипедски крос, најави Коцевска.
Таа потенцира дека целта на кросот била да ги поттикнат на здрави навики како што е возење на велосипед, а големиот интерес за учество во велосипедскиот крос е само потврда дека велешките ученици се повеќе возат велосипеди.
ЕД „Вила Зора“ веќе подолго време од локалната власт бара изградба на велосипедска патека во  и во околината на Велес.ад/са/

Остани поврзан