• недела, 24 ноември 2024

Велешки средношколци бесплатно мереа крвен притисок и шеќер во крвта кај граѓаните

Велешки средношколци бесплатно мереа крвен притисок и шеќер во крвта кај граѓаните

Велес, 16 ноември 2023 (МИА) - Ученици од Средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ во рамки на проектот на „ЕУ за тебе“ и невладината ЛЕАД денеска на штанд поставен на тротоар на влезот на училиштето вршеа бесплатни прегледи на граѓаните за шеќер во крвта и крвен притисок.

Проф. Валентина Јовева информира дека целта на овие бесплатни прегледи е секој граѓанин бесплатно да ја добие оваа здравствена услуга, а нивните ученици да добијат пракса. Таа нагласи дека во рамки на проектот веќе набавиле медицинска опрема со која што ќе вршат прегледи.

Професор Јовева најави дека проектот ќе го реализираат до крајот на декември. посочи дека до нивното училиште можат да се јават сите граѓани кои сакаат да ги добијат овие здравствени мерења.

Во рамки на проектот тие веќе извршиле едукативни предавања и мерења кај основците од осмо и деветто одделение од сите четири велешки основни училишта. Таа најави дека вакви предавања ќе одржат и за учениците и жителите од општините Градско и Чашка.

Илија Станковски од невладината ЛЕАД од Скопје, кој го спроведува овој проект во десет училишта во земјава, информира дека овој проект има за цел да воведе во образованието еден нов концепт кој е пракса во земјите на ЕУ ,„учење преку служба на заедницата“.

-Идејата е учениците од средните училишта она што го учат во наставата да го променат во нивната заедница и да направат некаква позитивна промена. Така на пример учениците од медицинските струки тоа свое знаење можат да го применат за граѓаните од својот град, појасни Станковски.ад/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан