Велешките средношколци го одбележаа глобалниот „Ден на споделување добрини“
- Ученици од Економското училиште,,Јовче Тесличков”од Велес заедно со своите професорки денеска го обележаа глобалниот "Pay It Forward", ден на кој се слави споделувањето на добрини, со рачно изработени подароци кои им ги делеа на децата и картички со пораки за добрина кои ги делеа на возрасните, да им го разубават денот и да ги поттикнат на добрина.
Велес, 28 април 2023 (МИА) - Ученици од Економското училиште „Јовче Тесличков” од Велес заедно со своите професорки денеска го обележаа глобалниот „Pay It Forward", ден на кој се слави споделувањето на добрини, со рачно изработени подароци кои им ги делеа на децата и картички со пораки за добрина кои ги делеа на возрасните, да им го разубават денот и да ги поттикнат на добрина.
Како што информира професор Каролина Манаскова за МИА, овој ден постои за да ги охрабри луѓето да се залагаат за добрина од добрината на нивните срца.
- Со рачно изработени подароци нашите ученици денеска на штанд пред театарот ги израдуваа најмалите а на возрасните им делевме картички со пораки со цел да им го разубавиме денот. Воедно и да ги поттикнеме случајните минувачи и тие да прават добри дела. Нашата мисија е да инспирираме дела на љубезност со надеж дека бранот на добрината ќе продолжи и понатаму, појасни проф. Манаскова.
Учениците од велешка Економска порачаа „Да го направиме заедно светот поубаво место за живеење! Добрината е заразна ... споделете ја“. ад/сх/
Фото: Економското училиште „Јовче Тесличков”