• среда, 25 декември 2024

Велешките основци и средношколци со хуманитарни базари по повод 8 Март

Велешките основци и средношколци со хуманитарни базари по повод 8 Март

Велес, 8 март 2024 (МИА) - Учениците од велешките основни и средни училишта заедно со своите наставници  со рачни изработки на честитки, подароци и цвеќе се приклучија кон чествување на 8 Март - празникот на жената.  Хуманитарните базари беа изложени вчера и денеска пред училиштата и на велешките улици, а собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели,  информираат од Општина Велес.

Од  Хемиското училиште  ССОУ „Димитрија Чуповски “ за МИА, велат дека целта на овие хуманитарни базари со рачни изработки е да ги поттикнат учениците на креативност и воедно кај нив да ја побудат хуманоста.

Инаку , Општина Велес со давање на тезги под наем веќе трет ден организира продажни базарипо повод 8 Март на две локации во градот: во  Младинскиот парк и во центарот на градот на платото пред судот,  каде се продаваат подароци, украси, а најмногу цвеќе. ад/дма/

 

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан