• среда, 25 декември 2024

Велешкиот Црвен крст го одбележа Меѓународниот ден за борба против гладта со хуманитарна полумаратонска трка

Велешкиот Црвен крст го одбележа Меѓународниот ден за борба против гладта со хуманитарна полумаратонска трка

Велес, 16 октомври 2021 (МИА) - По повод 16 Октомври - Меѓународниот Ден за борба против гладта Општинската организација на Црвен крст од Велес доцна попладнево во Градскиот парк во Велес организираше хуманитарна полумаратонска ревијална трка на пет километри на која учествуваа 30-тина учесници, кои донираа и парични средства во хуманитарната.

Во наредните денови Општинскиот Црвен крст ќе собира парични средства и храна од поединци и фирми која потоа спакувана во пакети како и во изминатите години ќе биде поделан на социјално ранливи  семејства од градот, информира за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес.

-Преку ова хуманитарно атлетско трчање ние од Црвениот крст упатуваме апел до надлежните во државата и до сите граѓани да ја подигнеме нивната свест за хуманост. За жал, последниве години, а посебно во услови на Ковид пандемија, во градот имаме се’ повеќе луѓе кои се гладни и на кои им е потребна помош. Тие секој ден се’ потешко го обезбедуваат топлиот оброк и најчесто, за жал, се гладни. Затоа им е неопходно надлежните континуирано да им овозможат да добиваат помош во храна и други средства за нивна егзистенција, потенцира Николов.

Тој најави дека во наредните денови Општинскиот Црвен крст ќе постави и хуманитарни штандови низ градските улици на Велес на кои ќе собираат донации во пари и храна од граѓаните. Донации ќе собираат и од велешките компании од кои, исто така, очекува хуманоста да ја искажат на дело и да бидат донатори на акцијата. ад/вг/

Остани поврзан