Велешката болница набави нов апарат за компјутерско одредување на диоптрија
- Велешката ЈЗУ Општа болница набави нов апарат за Очното одделение „Афтокераторефрактометар“ кој служи за компјутерско одредување на диоптрија кај пациентите. Новиот апарат воедно овозможува да се измери диоптријата на интраокуларната леќа, која би се вградила во окото, доколку се изведуваат операции на катаракта по фако метода.
Велес, 29 ноември 2024 (МИА) -Велешката ЈЗУ Општа болница набави нов апарат за Очното одделение „Афтокераторефрактометар“ кој служи за компјутерско одредување на диоптрија кај пациентите. Новиот апарат воедно овозможува да се измери диоптријата на интраокуларната леќа, која би се вградила во окото, доколку се изведуваат операции на катаракта по фако метода.
-Овој апарат е еден од трите неопходни апарати за да се започне со правање операции на катаракта на око по фако метода и во велешката Општа болница, а која планираме да започне да се изведува во 2025 година, најави за МИА, д-р Тодор Јаковлевски, специјалист офтомолог кој за изведување на операции неодамна имаше и дополнително усовршување во клиника во странство.
Тој најави дека за оваа намена до крајот на годинава болницата треба да набави и фако апарат за изведување операции и микроскоп за операции.
-За започнување на операции на катаракта по фако метода во велешката ЈЗУ Општа болница во 2025 година, која ќе биде изведена за прв пат во болница во градовите за Повардарието треба да се набави и фако апарат за операции и микроскоп за операции и целосно да се опреми салата за операции. Сето тоа, бидејќи во микрохирургијата на око не може да има импровизации, и операционата сала треба да биде комплетно опремена, потенцира офтомологот д-р Јаковлевски.
Тој појасни дега набавениот нов апарат за компјутерско одредување на диоптрија го замени постоечкиот, којшто беше дотраен и двапати сервисиран бидејќи се користеше максимално за сите пациенти како и секоја година за очните прегледи на децата за упис во прво одделение..
Како и постоечкиот и новиот апарат освен за пациенти од Велес и Велешко ќе се користи и за пациенти кои доаѓаат од градовите од целото Повардарие. а за што пациентит од својот матичниот лекар треба да извади упат за специјалистички преглед на Очното одделение при ЈЗУ Општа болница Велес. ад/вг/
Фото: МИА