• сабота, 23 ноември 2024

Велешани од левата страна на градот за првпат ќе добијат канал за слевање на атмосферските води

Велешани од левата страна на градот за првпат ќе добијат канал за слевање на атмосферските води

Велес,13 декември 2023 (МИА) - Општина Велес со ангажирање на градежна фирма деновиве изведува градежни активности за изработка на канал за прифаќање на атмосферските води на улица „Славјанска", со улица „Богдан Каракостев", на левата страна од градот, информираат за МИА од Општина Велес.

-Градот  Велес е со специфична географска поставеност, поради што неопходни се вакви инвестиции кои ќе спречат слевање на атмосферските води и поплавување од високите кон ниските зони на градот, посочуваат од Општина Велес.

Инаку за првпат со изградба на овој канал се решава повеќе деценискиот проблем на жителите од овие улици од левата страна на градот, а  кои со секој поголем дожд целосно беа поплавени и попречени за движење на пешаците и возилата.

-Средствата за овој канал за атмосферски води се од буџетот на Општина Велес, а вакви канали ќе бидат изградени  и на други улици во високите делови од градот и на левата и на десната страна на градот, најавија од Општина Велес.

Оваа лето за првпат  преку средства од проект на ЕУ  беше  поставена  атмосферска канализација во строгииот центар на Велес, за собирање на дождовните води од високите во ниските делови на градот. Со тоа конечно се реши еден од децениските проблеми на велешани по секој пообилен дожд  да се спречи поплавување на центарот на градот. ад/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан