• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велешани на собир им оддадоа почит на загинатите 59 млади во Кочани

Велешани на собир им оддадоа почит на загинатите 59 млади во Кочани

Велес,19 март 2025 (МИА) - Велешани денеска на собир  во Младинскиот парк  им оддадоа почит на загинатите 59 млади во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Граѓаните,  молкум чекајќи во ред запалија свеќи и оставија букети цвеќе.

Воедно посакаа најбрзо опоравување на сите  повредени од пожарот кои се на лекување во болниците во земјава и странство.

Собирот кој траеше повеќе од еден  час заврши со седумминутно молчење на присутните, а учениците-средношколци   пуштија седум црни балони, по еден на  секоја минута во знак на болка за прерано починатите 59 деца и млади во Кочани. Учениците се заблагодарија на сите граѓани од сите возрасти кои денеска дојдоа на овој тажен собир да им оддадат почит на загинатите.

Учениците носеа рачно испишани  пароли со  пораки со тага и неизмерна болка за загинатите нивни  врсници од Кочани.

Велешани ваков собир за оддавање почит на настраданите  млади во пожарот во  Кочани одржаа и синоќа на плоштадот С’рмаале пред Управата за јавни приходи.

Во изминатите два дена  велешките средношколци во училишните дворови одржаа мирни протести со палење свеќи, оставање цвеќе и пуштање бели балони.ад/

Фото: 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан