• среда, 13 ноември 2024

Велешанец обвинет за повеќе тешки кражби

Велешанец обвинет за повеќе тешки кражби

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за повеќе продолжени кривични дела „тешка кражба“, реализирани во периодот од 11 до 16 октомври 2022 година.

Како што информираа денека од Јавното обвинителтво, во тој период, искористувајќи слични околности и невнимание на ошетените лица, обвинетиот на дрзок начин одзел подвижни предмети од вкупно 17 оштетени. Од продавници, обложувалници, аптеки, угостителски и други објекти тој крадел вредни предмети, пари и производи, со што за себе прибавил противправна имотна корист проценета на вкупен износ од 45.337 денари.

Надлежното обвинителство до Основниот суд во Велес доставило и посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.​ дма/сп/

 

Остани поврзан