• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата

Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата

Велес, 12 март 2025 (МИА) - Во СВР Велес вчера во 13. 25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат  63 годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.

Таа појасни дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. ад/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан