• среда, 25 декември 2024

Велемајсторот Георгиев со победа стартуваше на Светскиот куп во шах

Велемајсторот Георгиев со победа стартуваше на Светскиот куп во шах
Сочи, 12 јули 2021 (МИА) – Во руското летувалиште Сочи на брегот на Црното море денеска започна Светскиот куп во машка и женска конкуренција на кој учествуваат 206 шахисти и 103 шахистки. Учесниците се избрани според девет различни критериуми, а единствениот македонски претставник, велемајсторот Кирил Георгиев, со победа го почна настапот. Во првото коло, кое се игра во две добиени партии, 50. играчи со највисок рејтинг се слободни, а преостанатите 156 шахисти преку елиминациски мини - дуели ќе ги одредат преостанатите 78 учесници, кои заедно со нив, ќе се натпреваруваат во втората фаза. Македонскиот велемајстор Георгиев (2594) победнички го почна настапот на Светскиот куп совладувајќи го со бели фигури во првата партија белгискиот велемајстор Александре Дгебуадѕе (2488). ег/см/  

Остани поврзан