• петок, 27 декември 2024

Вежба на специјалната единица „Тигар“ во Охрид

Вежба на специјалната единица „Тигар“ во Охрид
Охрид, 17 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска и утре ќе спроведат тактичко - показна вежба на потегот од каналот „Студенчишта“ кон пешачката патека во Охрид, соопшти СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски појасни дека се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР. - Целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата, изјави Димоски. Пред почетокот на вежбата, додаде, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје каде ќе се изведуваат вежбовните активности со цел оневозможување влез на граѓани на подрачјето. - Упатуваме апел до граѓаните, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат на подрачјето каде ќе се изведува вежбата и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, рече Димоски. Вежбовни активности на Специајалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид ќе има и во текот на идната недела за што, јавноста ќе биде информирана. сс/сст/ фото МИА архива

Остани поврзан