• четврток, 26 декември 2024

Вежбата „Супермен“ благотворна за задниот дел на телото

Вежбата „Супермен“ благотворна за задниот дел на телото
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Вежбата „Супермен“ нуди многу придобивки за задниот дел на телото и игра клучна улога во спречувањето од повреди и болки. Според стручњаците и познавачите, изведувањето на вежбата вклучува легнување на подот со испружени раце над главата, потоа наизменично кревање на нозете и рацете - поза што изгледа како да летате како познатиот суперхерој... За правилно извршување на вежбата „Супермен“, се вклучуваат грбот, задникот и јадрото на телото. Соодветно на тоа, се зајакнуваат делови на задниот дел од самото тело. https://youtu.be/z6PJMT2y8GQ Редовното вакво вежбање може да спречи повреди и болки во долниот дел на грбот. Вежбата, исто така, може да помогне и во стоењето исправено, ја подобрува подвижноста на дијафрагмата, а со тоа - и дишењето. Без разлика дали е почетник кој сака да ја усоврши својата форма или комплетен професионалец кој сака да оди на следното ниво, човек може и соодветно да си ја прилагоди и подобри вежбата.  си/сд/ https://youtu.be/CmuE7l51F48

Остани поврзан